Поместувајќи ги границите на креативноста кон нови хоризонти, британско дизајнерско студио Duffy London како да го предизвикува вековниот линеарен пат на создавањето, со својата нова едиција SINGULARITY – уметнички мебел создаден со вештачката интелигенција и уметниците.
Основачот на студиото, Cristopher Duffy и неговиот тим се одвојуваат од традиционалните дизајнерски патеки кадешто невозможното непостоји. Во оваа смисла, колекцијата SINGULARITY е уште едно отстапување од вообичаеното, со фокус не на дизајн на самиот објект, туку на обликување на параметрите што го дефинираат неговото постоење.


Резултатот е неверојатна интеракција на вештачката интелигенција и генијалноста на човекот. Инспириран од аеро-индустријата, новиот мебел на Duffy London, кој се состои од трпезариска маса, трпезариско столче, клубска маса и скулптура, беспрекорно ја спојува прецизноста на математичките форми со флуидни, органски форми што вештачката интелигенција ги оживува.


Масите и столовите се подеднакво темни и светли: темниот финиш е комбинација од мат и сјајна црна, додека светлиот финиш е со бел, брусен нерѓосувачки челик и рефлективно полирано злато. При креирањето првин е дизајнирана надворешната обвивка на мебелот, а потоа стратешки се поставуваат точките за поврзување, создавајќи уникатна рамка која генерира мноштво комплексни можности.
Времето на изработката е од 14 со 16 недели.
Инаку, Cristopher Duffy, основачот на британското дизајнерско студиоiz Duffy London е познат по Abyss, импресивната маса која реплицира длабочини и природни убавини на океанот./М.М.

You may also like

Comments are closed.