Иако вакцините против Ковид 19 спасуваат живот, некои луѓе може да доживеат несакани ефекти, како болка на местото на инектирањето, вртоглавица, поспаност, треска, замор…

Непријатно чуство не е она што се посакува на денот на вакцинирањето. За да ги поттикнат луѓето да се вакцинираат и да им помогнат некои аптеки во САД, нудат совети што може да се направи пред и по примањето на вакцината против Ковид 19, за да се ублажат или елиминираат симптомите.
Се препорачува добра хидратација пред вакцинација. Се предлага луѓето „да јадат хранлив оброк и да пијат многу вода“ пред да се вакцинираат, бидејќи водата „потенцијално може да ги намали и спречи несаканите ефекти.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) препорачува луѓето кои ја примаат вакцината да останат добро хидрирани по вакцинацијата. Сепак, CDC конкретно не ги советува луѓето да пијат одредена количина вода пред или по вакцината, со цел да се спречат несакани ефекти.
– Додадовме препорака за пиење вода поради некои инциденти со несвестица по имунизацијата како еден од несаканите ефекти – вели портпаролот на CVS Matt Blanchette. CDC, всушност, на својата веб – страница наведува дека на луѓето треба да им се дава „пијачка или ужина за да се спречи несвестица“. https://www.cdc.gov/

 

You may also like

Comments are closed.