Модната ревија на Ottolinger за пролет/лето 2024 година, означи враќање на динамичното дизајнерско дуо Christa Bösch и Cosima Gadient, познати по нивниот специфичен, безмалу субверзивен пристап кон модата. Брендот, со седиште во Берлин, остана верен на своите корени, обезбедувајќи за својата модна ревија волшебен спој на музички видеа од 90-тите, научна-фантастика како инспирација и современа гејмерска естетика.


Соработката на Ottolinger со Puma ја зголеми видливоста на брендот во време на паузата иако, по четири години отсуство од модните писти и дизајнерите на Ottolinger покажаа дека го задржале својот препознатлив стил и став. Разновидната палета на модели, печатени боди со бројни украси и чанти со неправилна форма, потврдија дека креациите на Ottolinger навистина се за оние кои се осмелуваат да ги прифатат нивните уникатни модни сензибилитети.


Во оваа колекција, Bösch и Gadient покажаа дека нивниот потпис сеуште е со силно само-изразување и дека модата насочена кон ноќниот живот, може да зрачи и со зголемена софистицираност.


Колекцијата претстави ленени ансамбли со наметки во повеќе нивоа, а тексасот, инаку главен дел од естетиката на Ottolinger, се појави, овој пат украсен со контрастна шара. Искршеното и деконструирано кроење ја предизвика конвенционалната корпоративна облека, додека печатените боди прикажуваа и киборг анатомијата, поместувајќи ги границите на модната имагинација.


Својата алтернативна креативност дизајнерите ја покажаа со последните пет изгледи, инспирирани од невестинската облека. Овие романтични и деликатно украсени креации се оддалечија од традиционалните невестински силуети, нудејќи една поинаква, неограничена интерпретација, со црни градници и машки шорцеви.
Модната ревија е одржана во објект на стара филијала на банка, трансформирана за да ја прифати естетиката на Ottolinger, со прозорци покриени со графити, допир на берлинските простори. Неконвенционалното место го доближи асиметричниот свет на Ottolinger, свет што бара внимание и поканува во неговиот волшебен и неконвенционален универзум./М.М.

Настанот може да се проследи на следниот линк:

You may also like

Comments are closed.