Brioni

Најновата колекција на машка облека, наменета за пролетта 2022 година, е и иста и различна од она што Brioni досега го има преставено. На својата славна историја и традиција Brioni гледа како на постојан извор на идеи што потоа, осовременети, ги нуди на познатиот пазар. Брендот е еден од ретките чија целна група купувачи низ времето малку или воопшто не се менува, а облеката е и останува – вонвременска.

Brioni

Веќе 76 години модната куќа за машка облека Brioni создава ексклузивна, сарторијална готова облека, кожни производи, чевли, очила и парфеми. Brioni е основана во Рим во 1945 година. Во 1952 година, ја имаат  организирано првата машка модна ревија во модерната историја на модата, а потоа и Prêt Couture. Имаат отворено и посебно училиште за кроење на машка облека: Scuola di Alta Sartoria, во Пена, Италија, во 1985 година.

Brioni

Една деценија Brioni е во состав на Kering групацијата, а три години Norbert Stumpfl е нејзин креативен директор.

Brioni и Stumpfl за наредната пролет максимално ги ангажираа мајсторите – кројачи и шивачи, за повторно да понудат вонвременска облека која заслужува да биде долго носена./M.M.

Brioni

Brioni

Brioni

Brioni

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.