Советот на модни дизајнери на Америка (CFDA) и Raive, лидер во изградбата на безбедни модели со вештачка интелигенција, објавија заедничка реализација на програма насочена кон поттикнување на иновации, но и заштита на брендот и на интелектуалната сопственост во модната индустрија.


Соработката е насочена кон едукација на модната индустрија за економските и креативни можности на вештачката интелигенција. CFDA планира да ја искористи врвната технологија и експертиза на Raive за да ги поттикне дизајнерите да создаваат користејки ја и моќта на вештачката интелигенција.
Sally Shin, ко-сопственичка на Raive, во пригодната изјава вели: Возбудени сме што ќе работиме со врвните дизајнери во индустријата за да ја зајакнеме креативноста, едновремено штитејќи го најголемото богатство за секој дизајнер, нивната интелектуална сопственост./М.М.

You may also like

Comments are closed.