Вероника Етро за зимава предлага рафинирани и оригинални линии на повеќеслојна облека во кои жената се чуствува возвишено елегантна. Доследно отворена кон естетиката на разновидни глобални култури, Етро во својата колекција вклучуваа плетени пончоа, гаучо ќебиња над пантолони и чизми со кубанска пета. Моделите носат и ново дизајнирана Black Pegaso чанта. Претставени се и оригинални и обични прекривки и палта од кашмир, прекрасно извезени бели фустани, тексас облека со повеќе рабови и долги фустани од сомот во шари.
Во колекцијата се модели предвидени за празничните денови. Дефиниран е силен кастинг, со златни тонови, со тотална конзистентност во нејзината динамична разнообразност, сосема во стилот на Етро.