Целиот Kardashian клан за венчавката на Kourtney со Travis Barker деновиве престојуваше во Портофино, Италија.

На церемонијата невестата носеше Dolce & Gabbana Alta Moda мини фустан од тантела и сатенски корсет инспириран од италијанската долна облека од 1960-тите. Рачно извезениот превез со приказ на Дева Марија, сличен на една од тетоважите на Travis Barker, на превезот е придружен со текст „почит кон семејната лојалност“.
„Дизајнирањето на моите фустани со Domenico и Stefano беше остварување на сонот, во секој поглед“, изјави Kardashian за Vogue.

Како и членовите на кланот и невестата во деновите на престојот во Италија носеше винтиџ дизајни од архивата на Dolce & Gabbana. Така, на улиците во Портофино Kourtney се појави во црн мини фустан, со слика од Дева Марија, со готски црн превез, а за вечерните часови, во проѕирен, црвен фустан, од колекцијата на Dolce & Gabbana за пролетта 1998 година./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.