ВестиКултура на живеење

Брендот „Сасекс“ во фокусот на светските медими: Меган остана без Netflix, Хари без поддршка од Палатата

Светските медиуми деновиве пишуваат за катаклизмичниот дебакл на на принцот Хари и на Меган на два континента: во Лондон, Хари претрпе катастрофален судски пораз против британските таблоиди и, дополнително, Бакингемската палата му ги затвори вратите, одбивајќи да му обезбеди првин дополнително обезбедување за семејно патување, а пооа и сместување. Во исто време, Меган во Калифорнија доживува деловен колапс откако Netflix ги прекина сите врски со нејзиниот лајфстајл бренд. Овие брутални удари, според холивудските инсајдери, го најавуваат неизбежниот крај на нивното деловно партнерство, но извесно и на семејните односи.
Двојниот нокаут во Лондон: Сам, изолиран и пред финансиски банкрот
Она што требаше да биде триумфално враќање на Хари со семејството во татковината, се претвори во низа јавни шамари. Првиот удар пристигна од неговото семејство — поканата за престој во Бакингемската палата му беше повлечена, оставајќи го принцот самиот да бара сместување низ Лондон [BBC]. Поради укинатото државно обезбедување, неговите деца Арчи и Лилибет останаа во САД, со што дефинитивно пропадна желбата на кралот Чарлс да ги види внуци [Harper’s Bazaar, CNN]. Задлабочувајќи го семејниот раздор, неговиот брат, принцот Вилијам, извршуваше официјални обврски на само неколку километри оддалеченост, целосно игнорирајќи го неговото присуство [BBC, People].
Сепак, вистинската катастрофа се случи во судницата на Високиот суд во Лондон. Судијата целосно ја отфрли долгогодишната тужба на Хари против издавачот на „Daily Mail“, оценувајќи ги неговите 97 тврдења за нелегално прислушување како недокажани [PEOPLE, The Daily Beast]. Како губитник во процесот, Хари сега се соочува со обврска заедно со другите тужители, да плати судски трошоци кои достигнуваат до 50 милиони фунти, што претставува сериозен финансиски удар за неговото лично богатство [Yahoo! Entertainment, RNZ].
Колапсот на Меган во САД: Netflix крена раце од војвотката
Додека Хари ги трпеше понижувањата во Европа, Меган во Монтесито се соочи со сопствен кошмар. Стриминг гигантот Netflix официјално потврди дека нивниот мега-договор од 100 милиони долари дефинитивно завршува и нема да биде обновен [Forbes Africa, Yahoo! Entertainment]. По очајните рејтинзи на нејзиното кулинарско шоу „With Love, Meghan“, кое критичарите го прогласија за лош плагијат, компанијата одлучи целосно да го затвори проектот [AOL, Newsweek].
Дополнително, Netflix се повлече од какво било партнерство со нејзиниот нов лајфстајл бренд „As Ever“, оставајќи ја Меган со милионски залихи на непродадена стока [Yahoo! Entertainment, Newsweek]. Сфаќајќи дека брендот „Сасекс“ стана токсичен за холивудската А-листа, Меган донесе одлука за итно „професионално разделување“ [Now To Love, Yahoo! Entertainment]. Таа планира во иднина деловно да настапува целосно сама, дистанцирајќи се од кралските драми на сопругот [Yahoo! Entertainment].
Прогноза за бракот: Дали е на повидок и нешто повеќе од деловен прекин?
Овој кумулативен притисок од финансиски загуби, професионални неуспеси и социјална изолација, според американските брачни советници, веќе ги извади на површина непоправливите пукнатини во нивниот брак [Yahoo! Lifestyle, AOL].
Инсајдерите од Лос Анџелес откриваат дека правниот тим на Меган веќе има подготвено нацрт-стратегија за потенцијален развод [Facebook]. Со цел да ја осигура својата иднина во Америка, таа наводно ќе бара енормна финансиска отштета, целосно старателство над децата и трајно задржување на кралската титула, која е нејзиниот единствен преостанат извор на влијание .
Кралските аналитичари потсетуваат и на бруталното предвидување на принцот Вилијам, кој приватно одамна тврдеше дека бракот нема да преживее кога Меган ќе сфати дека Хари повеќе нема комерцијална вредност во забавната индустрија [Yahoo! Lifestyle, Yahoo! Entertainment].
Така, според медиумите, жешкото лето за брендот „Сасекс“, односно деловниот дебакл на Меган и правниот на Хари, ќе услови врела медумска есен.
Фото: Instagram / @justjared, Instagram

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.