Martini Vesto by Boško, брендот на српскиот дизајнер, модел и телевизиски водител Бошко Јаковљевиќ, со новата колекција насловена Give Peace a Chance – Stop War, потврдува дека низ модното творетво се коментираат и општествено-политичките настани во светот. Песната на MichaelJackson во заднина – They Don’t Really Care About Us, е јасно надополнување на анти-воениот сентимент за модниот настан на којшто колекцијата е представена.


Колекцијата е промовирана на 52. Perwoll Fashion Week, во Белград, кадешто на Бошко Јаковљевиќ му е врачена Textil Designer Award, награда што компанијата Textil ја доделува на најдобриот дизајнер на текстил.
Бошко Јаковљевиќ е награден за колекција прикажана на пролетната белградска модна недела, кога со Martini Vesto by Boško беше затворен 51. L’Oreal Fashion Week.


Бошко Јаковљевиќ, српскиот дизајнер, модел и телевизиски водител, својата прва ревија ја имаше пред 15 години на Belgrade Fashion Week, па така јубилејот беше надополнет и со награда на Textil за најуспешен дизајнер за претставената колекција.


Стануваше збор за колекција на нови палта со варијации од класични кроеви и материјали, до екстравагантни и необични модели, како и иновативни материјали.

Материјалите што како награда тогашги доби од Textil се искористени за изработка на новите модели во колекција промовирана на 52. Perwoll Fashion Week, со која се порачува да му се даде шанса на мирот и да запре војната.
Целата ревија може да се види тука.

 

You may also like

Comments are closed.