Goop, брендот на Gwyneth Paltrow и Emilia Wickstead, дизајнерка која живее и работи во Лондон, ја претставија заедничката пролетна, капсула колекција, опишана како разиграна забава во англиската градина.
Gwyneth Paltrow веќе неколку години соработува со Wickstead и често ги носи креациите на дизајнерката која по потекло е од Нов Зеланд, а инспирацијата за своите креации ја наоѓа во цветните мотиви. Paltrow вели и дека е фасцинирана од „педантната изработка и извонредните дизајни “на Wickstead.
Во белешките за колекцијата се посочува и дека: „Откако го лансираше својот истоимен бренд, во 2008 година, прецизно изработените дизајни на Emilia Wickstead и донесоа посветени следбеници. Нејзиниот сензибилитет е неспорноелегантен и непромислено женствен. Таа прави облека во која се чувствувате фантастично. Gwyneth ги носи парчињата на Wickstead (на и надвор од црвениот ќилим) со години, а сега, со оваа конкретна соработка, идеите дојдоа толку лесно – речиси како сите да сме ги собрале среде разговор. Ги зедовме препознатливите силуети на Wickstead и ги обмисливме во ексклузивен отпечаток: мотив на англиска роза, направен во три нијанси„.
Капсула колекцијата е со само 11 модели и прекривка за намаса, со идеја да се евоцира визија за пролетни прослави во градината и вечери под отворено небо.
Моделите се комплетирани и со бижутеријата на Van Cleef & Arpels, инспирирана од флора и фауна, како надополнување на темата на колекцијата./М.М.