Со ова историско именување, Dior за првпат ја доверува целосната креативна визија на еден дизајнер. – Северноирскиот дизајнер ќе ги води женските, машките и haute couture колекциите, започнувајќи со машката ревија на 27 јуни во Париз.

Јонатан Андерсон (Jonathan Anderson), дизајнер од Северна Ирска, е именуван за единствен креативен директор на Dior, што претставува историски пресврт за француската модна куќа. Ова е првпат од основањето на Dior една личност да управува со сите три линии на брендот — женска, машка и висока мода — што го прави Андерсон единствен на оваа функција, секако по основачите на модната куќа.
Андерсон, роден 1984 година во Магерафелт, Северна Ирска, во 2008 година го има основано својот бренд JW Anderson, за во 2013 да ја презме креативната контрола над шпанскиот луксузен бренд Loewe и да го трансформира во глобален моден лидер. Неговите креации ги носат ѕвезди како Ријана, Аријана Гранде и Хари Стајлс, а неговата работа е признаена со бројни награди, вклучувајќи ја и титулата “Меѓународен дизајнер на годината” за 2023 година на CFDA.
Андерсон ќе ја презентира својата прва машка колекција за Dior на 27 јуни 2025 година, за време на Париската модна недела, додека неговиот деби за женската линија се очекува подоцна во текот на годината.
Андерсон е познат по својот авангарден и инклузивен пристап, кој ги комбинира традиционалните занаетчиски техники со современи и политички ангажирани пораки. Неговото именување во Dior се смета за значаен чекор во модната индустрија, кој може да го редефинира луксузот и да ја донесе куќата поблиску до новата генерација на потрошувачи.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.