Наближува зима, а со неа и топлите напитоци – фини, слатки – за дожливите, сиви утра, за дружењата по работа, за лека ноќ…за здравје!

Шолјата топло какао нека ви стане дневна навика. Вашиот организам ќе ви биде благодарен. Какаото е познато како билка што го чува организмот од слободни радикали, ги намалува стресот и депресијата, штити од срцеви болести и крвни садови, како и од многу видови рак. Одличен извор е на железо, а покрај тоа го регулира нивото на шеќер и холестерол во телото.

Подготовка

Состојки : Кафена лажичка какао во прав, кафена лажичка мед или браон шеќер, млеко, по желба, вода.

Ставете вода во гезве да зоврие. Одлејте дел од водата, па ставете го какаото. Веднаш ќе почне да пени –додадете ја преостанатата вода. Штом повторно почне да пени тргнете го од оган. Додадете кафеав шеќер или мед (лажичка е доволна, но ако сакате послатка, можете да додадете и повеќе) и промешајте. Додадете малку млеко и уживајте! Б.Б.

Bobe’s bakery

ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...

You may also like

Comments are closed.