Од основањето на својот истоимен бренд пред безмалу две децении, Batsheva Hay како постојано да си поигрува со американските стилови на женското облекување: од викторијанско – до за по дома; од класично – до хипи, но – постојано користејќи елементи што симболизираат воздржаност и репресија (со високи јаки, обемни ракави и здолништа), додавајќи им модерна флексија.

Преку преуредување на историските погледи, Batsheva истражува како да ги извлече силните аспекти на тие стилови, додека ги обработува застарените поими за женственоста.
Зборувајќи за нејзината ready-to-wear колекција за есен 2022 година, Batsheva Hay посочува дека во неа се е големо и широко – за се што таа (жената која би ги носела) би посакала да прави.


Лепилото што ја поврзува нејзината разновидна работа е нејзиното сопствено чувство за чудни чуда. За облеката во стилот на бабите и додадените цветови дизајнерката истакнува дека тоа е така затоа што е потребно и нешто помалку одбивно./М.М.

More in:Мода

You may also like

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

Comments are closed.