Потребни состојки за 12 мафини:

150 гр. темно чоколадо,

120 гр. путер,

100 гр. брашно,

3 јајца,

200 гр. шеќер,

1/2 пециво.

Bobe’s bakery

Фил:

200 грама пире од костени (испасирани – сварени костени),

100 гр шеќер во прав,

100 мл. слатка павлака,

100 гр темно чоколадо,

2 лажици рум.

Начин на подготовка:

Фил:

Се меша пирето од костени со шеќерот во прав, румот и стопеното чоколадо. На оваа смеса се додава изматената слатка павлака.

Мафини:

На пареа се топи чоколадото за готвење со путерот и со мешање се остава на страна да се излади. Се матат белките убаво – пената да стане цврста. Во посебен сад се матат жолчките со шеќерот подолго, да се направат пенасти. Потоа на жолчките постепено им се додава оладеното чоколадо и путерот, додека се мешаат со лажица. Тогаш се додава брашното, измешано со пецивото, исто со мешање, за на крајот да се додадат белките. Смесата се става во хартиени модли, поставени во калапите за мафини и се печат 20 минути во загреана рерна на 180Ц. Потоа, оладени, се филуваат со шприц.

Наздравје!/ Б.Б.

Bobe’s bakery

 

ММ кујна

Обланди карамел

Обландите со карамел се совршени, особено доколку подготвувате прослава, или, сакате неделниот ручек со семејството ...
ММ кујна

Сушени домати

Најдобри за сушење се малите меснати домати, зрели, црвени, сеуште цврсти и без флеки. Пелатите ...

You may also like

Comments are closed.