Хрватскиот бенд Лет 3, за преставувањето во Ливерпул, има посебна стратегија: освен песната, со тешките за изговор консонанти ШЧ, тука е и невообичаениот стајлинг, со шарени костими, балетски сукњички и гакички, који привлекоа целосно внимание на отворањето на Изборот за песна на Евровизија.
За уникатните стајлинзи на Лет 3 годинава беше задолжен Јурај Зигман, еден од најпознатите хрватски дизајнери.
Како потсетување: на годинешниот Избор на песна на Евровизија, од поранешните југословенски простори ќе бидат претставниците на Хрватска, Словенија и на Србија. Рок бендот Лет 3 ќе се престави со песната “Мама ШЧ!“, словенечкиот рок состав Joker Out ќе ја изведе песната “Carpe Diem”, a српскиот пејач, наречен уште и српски поп алхемист, Лука Блек, ќе настапи со песната „Само ми се спава„./М.М.