Филип Пашоски

„Посакувам фотографиите во иднина да бидат поприродни, да се даде акцент на природната убавина и повеќе значење на реалните стории“ вели Филип Пашоски – моден фотограф.

ММ: Како гледавте на македонската фотографска сцена, кога почнувавте, како сега, колку и како според вашето мислење се менувала низ времето – колку сето влијаело на вашето творештво?

  • Фотографијата на почеток ја гледав како хоби и нешто што ме исполнува. Со тек на време започнав да експериментирам и вложувам на опрема, така што и со самото запишување на факултет за дизајн и мултимедија ми стана пасија и сфатив дека со тоа сакам да се занимавам. Професионално со фотографија се занимавам 4 години. Порано на фотографијата се имаше ставено фокус на макро фотографиите и не многу драматични бои, за разлика од сега кога се експериментира со колорот на фотографијага, спонтаноста, фотографија во движење… Едноставно преку фотографијата го искажувам она што го чуствувам во тој момент, она што не може да се слушне, туку види.

    фото: Филип Пашоски

ММ: Модната фотографија е дел од Вашето творештво – колкаво место има и што всушност најмногу го буди интересот? Каде во сето се модните едиторијали? Дали фото апаратот е постојано со вас?

  • Покрај модната фотографија, во моето творештво е присутно и модното видео. Има огромно место и интерес бидејќи секоја една фотографија направена сакам да биде со посебна приказна и секој моден едиторијал, било да е фотографија или видео, да ме претставува првично како човек со кој би се гордеел дека позади тој проект стојам јас. Апаратот често знае да биде во мене и во случајни моменти кога сум со луѓе поврзани со модата, па многу пати и тогаш знаат да настанат добри модни едиториали.

ММ: Фотографијата денес е поприсутна и повеќе популарна од кога било. Социјалните медиуми ги охрабруваа луѓето да ги вадат своите мобилни телефони и да го истражуваат светот преку фотографија. Социјалните мрежи се преплавени со фотографии на кои им недостасува и спонтаност на аматерска фотографија, како и внимателен пристап кон уметничката фотографија. Како ја доживувате фотографијата во денешниот свет и каква иднина очекувате или посакувате?

  • Фотографијата ја доживувам како алатка за манипулирање со реалноста, каде имам повеќе креативност и доловувам моменти кои не можат да се видат со голо око, односно моменти што нашиот мозок нема доволно капацитет да зачува одредени слики и случувања како што фотографијата ни го дава тоа. Посакувам фотографиите во иднина да бидат поприродни, да се даде акцент на природната убавина и повеќе значење на реалните стории.

    фото: Филип Пашоски

ММ: За некого кој сака фотографија и сака да се занимава со неа, кој би бил најдобриот совет?

  • Доколку навистина ја сакаат фотографијата, би ги советувал да започнат со она што највеќе им буди чувства и да се насочат кон еден правец, како би можете да го искажат визуелниот јазик преку истата таа фотографија.

    фото: Филип Пашоски

ММ: Изминатава 2020 не изненади, шокира, смени…како влијаеше на секојдневието и работата?

  • Периодот пред ситуацијата работев на еден доста сериозен и важен проект за мене, така што и не бев нешто во загуба со нови материјали кои што беа пуштени на социјалните медиуми за време на ситуацијата. 2020 година не ми беше толку негативно влијателна кога станува збор за создавање и реализирање на креативи, се разбира колку што дозволуваа мерките во тој период. Но сепак идеите кои што ги имав не беа неизбежни, од ден за ден имав нови идеи и планови, и мислам дека сега имаат можност полека но сигурно да го видат светлосниот ден за реализација.

    фото: Филип Пашоски

ММ: Иако 2020 не научи да не планираме премногу однапред постојат ли вести, проекти, идеи за наредниов период?

  • Јас и не сум некој кој што планира премногу однапред, но секако дека да, од причина што претстојниот период беше доста тежок за реализација на идеи и проекти. Сека можам да се пофалам со богат ангажман и проекти кои едвај чекам да ги погледнете./М.М.

Следете го на:

https://facebook.com/pashoski.pv

https://instagram.com/pashoski.pv

фото: Филип Пашоски

фото: Филип Пашоски

фото: Филип Пашоски

фото: Филип Пашоски

фото: Филип Пашоски

You may also like

Comments are closed.