
Од овој месец, на првиот кат од Скопје Сити Мол започнува „Сити базар“, нова иницијатива што има за цел да го оживее духот на оригиналните и современи производи, како и на традиционалните уметности, нудејќи широка палета производи изработени од македонските ракотворци.
Така утре и задутре, на 25 и 26 јануари, на првиот кат од Молот ќе се случува вториот викенд базар на кој ќе се претстават следните брендови:
Во рамките на „Сити базар – јануарска викенд приказна“, Ателје Tara Fashion, VGJ Art, Irena’s bouquets, од пчеларското здружение „Природен мед“ земаат учество: пчеларство И.З.Про-Мед и пчеларство Митревски, INFINITY DIVINE, МЕДАРНИЦА, Мое катче, INFINITY ACCESSORIES, Катарина Дода, Еpoxy handmade by clay, Аrtemis- рачни изработки, Ателје Сиена, ФРЕНКЛИ, Zen.Zeal и Монкдолс.
„Сити базар“ ќе се одржува секој месец во текот на годината, на првиот кат на постојана локација и секогаш со нова тема ќе понуди различни настани, фестивали, базари, перформанси, едукативни и интерактивни работилници… насочени кон промоција на македонските креативци.
Со оваа иницијатива, Скопје Сити Мол не само што ќе обезбедува простор за промовирање на занаетчиите, туку и ги поттикнува посетителите да го поддржат домашното производство и да го ценат креативниот влог на македонските ракотворци.