Bobe's bakery

Киноа е семе без глутен што потекнува од Јужна Америка, од регионот на Андите. Тој е фантастичен извор на протеини, влакна, витамини од групата Б и железо, а ги содржи и сите осум аминокиселини. Во диета без глутен, но и обична, може да биде совршен, вкусен додаток на разни јадења. Еве еден рецепт за тиквички полнети со киноа.

Потребни состојки:

  •   четири  тиквички
  •   100 гр. киноа
  •   Морков, исечкан на тенки ленти, или, изрендан
  •   Кромид, исечкан
  •   2-3 лукчиња
  •   два изрендани домата
  •   половина китка исечкан магдонос
  •   100 гр. моцарела
  •   масло, сол, зачинал и бибер.

Подготовка:

Во 200 мл. зовриена вода и прстофат сол, се става киноата 10 минути – да поврие, потоа се тргнува од оган и се затвара со капак. Измиените тиквички се сечат на половина по должина. Со лажиче се вади срединиот дел.

Во тава со масло се пропржуваат кромидот и морковите, се додава средниот дел изваден од тиквичките. Се додаваат зачинал, бибер и сол по вкус, како и сварената киноа. Се промешува и се додава магдоносот.

Во тава се редат тиквичките, се полнат со смесата, а врз нив се става сосот од домати. Се става вода во тавата (околу 2 цм) и се става на печење во загреана рерна на 220Ц, околу 15 минути.

Потоа се вадат се покриваат со моцарелата и се ставаат уште пет минути, за да се стопи моцарелата. Се служат со топка кисела павлака.

Наздравје!

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

 

ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...
ММ кујна

Чиа пудинг

Започнете го денот со перфектен, вкусен и хранлив појадок што подолго време ќе ве држи ...

You may also like

Comments are closed.