Супермоделот Bella Hadid е најновата славна личност која се впушти во бизнис со пијалоци. Таа одлучи да се приклучи кон брендот RTD Kin Euphorics, преземајќи ја улогата на партнер и ко-основач, заедно со извршната директорка Jen Batchelor.

На порталот на брендот се вели: Bella Hadid сега е дел од Kin. Не можевме да замислиме по совршена личност за промоција и развој на брендот. https://www.kineuphorics.com/

Зад одлуката е и уште една причина: Hadid вели дека страда од долготрајните ефекти на Лајмската болест, кои вклучуваат мозочна магла и исцрпеност.

Hadid и Batchelor имаат големи планови за Kin, за кои сеуште неможат да зборуваат. Но, истакнуваат дека ги води синтагмата дека „грижата за мозокот е грижа за себе“. Kin е многу повеќе од алтернатива за алкохолот – тоа е и велнес пијалок: Многу од неговите клучни состојки, како екстрактот од фенилетиламин и родиола роза, ја подобруваат когнитивната функција и го зголемуваат нивото на енергија. „Тоа е пијалок за оние кои сакаат да да се опуштени, да се чуствуваат убаво, а да останат трезни – за оние во модниот бизнис но и за бизнисмените од Wall Street. Тоа е за мајки кои се на работа цел ден, а потоа да се грижат за своите деца цела ноќ. Тоа е за луѓе кои не сакаат да пијат аклохол, но сепак сакаат да имаат нешто што ги прави да се чувствуваат добро“, вели Hadid./М.М.

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.