Bobe’s bakery

Состојки:

  • 450 гр. брашно
  • 200 гр. путер или маст
  • 200 гр. шеќер во прав /шеќер за посипување
  • две лажици мед
  • 1/2 прашок за пециво
  • малку сол
  • две јајца
  • два ванилини шеќера
  • рендана кора од лимон
  • 250гр. суви смокви
  • варено јаболко
  • цимет по желба
  • 100 гр. ореви или бадеми сецкани
  • лажица рум
  • 1/2 лажица мускантно оревче

    Bobe;s bakery

Подготовка:

Во поголем сад измешајте путер, шеќер во прав, една лажица мед, малку сол, кора од лимон, ванилин шеќер и јајца. Додадете  суви состојки, брашно и прашок за пециво. Замесете фино, мазно тесто. Поделете го тестото на пет дела и оставете го завиткано во фолија само малку да се одмори додека го подготвувате филот.

Исецкајте и измешајте суви смокви, ореви или бадеми, варено јаболко, рум, мускантно оревче, цимет и лажица мед во мултипрактик.

Bobe’s bakery

Најдобро е да земете едно поголемо парче прозирна растеглива фолија и да го посипете со малку брашно. Направете една ролна од тестото и истегнете ја со дебелина од 2 мм. Нанесете го филот по должина. Користете фолија, преклопете го тестото и свртете ја штрудлата така што преклопот ќе биде на долната страна.

Bobe’s bakery

Вака подготвените штрудли исечете ги на растојание од 5-6 см. Наредете ги едни до други на хартија за печење и печете на 190 ° околу десет минути. Кога малку ќе поруменат, извадете ги од рерна.

Кога ќе се оладат посипете ги со шеќер во прав и послужете. Наздравје! /Б.Б.

Bobe’s bakery

ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...
ММ кујна

Чиа пудинг

Започнете го денот со перфектен, вкусен и хранлив појадок што подолго време ќе ве држи ...

You may also like

Comments are closed.