
Модната недела во Токио (Rakuten Fashion Week Tokyo), најважниот моден настан за Јапонија и годинава го привлече вниманието на светската јавност. Со својата уникатна атмосфера, која ги комбинира традиционалниот јапонски моден стил со глобалните трендови, Токио го потврди своето место како центар на модни иновации и особен стил. Колекциите за есен/зима 2025 година изразија храбар спој на старото и на новото, носејќи пораки за одржливост, култура и современ дизајн.

Особено внимание предизвика и трендот на новите форми. Имено, дизајнерите како Viviano Sue, Rivnobuhiko и Chika Kisada, демонстрираа различни експериментални форми на фустани и здолништа, создавајќи оригинални, целосно нови силуети. Viviano, на пример, претстави
предимензиониран сребрен фустан во кој моделот, освен главата, беше целосно покриен.

Grunge Spirit, тренд инспириран од Kurt Cobain и Neil Young годинава се врати на подиумите воглавно во колекциите на машката мода. Платнените кошули, долгите маици со црни и зелени пруги и темните тај-дај модели беа присутни во речиси сите колекции, додавајќи и своевиден уличен шарм на рокерскиот изгледите.
Еден од клучните фокуси и на оваа модна недела беше одржливоста. Во претставените колекции дизајнерите користеа еко-пријателски материјали, како биоразградливи ѕкаенини и влакна од обновливи извори. Иновациите ја потврдуваат посветеноста на индустријата да се движи во правец на поголема еколошка одговорност.
Како и во минатото, Токио продолжува да го слави своето културно наследство, интегрирајќи традиционални јапонски елементи од кимоноѕо, или од “оби” појасите, во современите западни стилови. Оваа фузија ги комбинира јапонските корени со глобалните трендови, создавајќи уникатна модна слика која ги одразува двете различни култури.

да постават поинакви стандарди за иднината на локалната, но и на глобалната модна сцена./M.M.
