Copenhagen Fashion Week го објави распоредот и учесниците на настаните што ќе се случуваат од деветти до 12 август годинава, во претставувањето на колекциите наменети за пролет/лето 2023 година.

Предвидено е одржување на 35 модни ревии, како и на бројни презентации, разговори и активации за кои деталите наскоро ќе бидат објавени.
Copenhagen Fashion Week ќе може да се следи во живо, на, CPHFW каналот на YouTube и од веб сајтот copenhagenfashionweek.com.


Акредитациите ќе започнат од први јули, со можност на избор на следење на одредени ревии и релизација на контакти со дизајнери.
Програмата за разговор SS23 ќе биде објавена од 30 јуни и опфаќа повеќе теми како нови таленти, инклузивност, одржливост и поширока креативна индустрија. Овие разговори ќе бидат објавени дигитално, достапни преку CPHFW каналот на YouTube и во живо, на copenhagenfashionweek.com./М.М.

 

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.