Шампионката во светот на тенисот и нејзината тригодишна ќерка позираа за познатата американска марка за додатоци

Stuart Weitzman ја ангажираше Серена Вилијамс, инаку глобален амбасадор на брендот, со многу специјален гостин, за промоција на својата најнова кампања, наречена „Footsteps to Follow“. Тригодишната ќерка на тениската ѕвезда, Олимпија, позираше заедно со нејзината мајка во серија фотографии кои ја ставија колекцијата пролет-лето 21 во центарот на вниманието.

„Многу ми значеше да бидам со Олимпија додека ја снимав оваа кампања и дефинитивно е момент што никогаш нема да го заборавам“, вели Вилијамс. „Таа е мини Серена” тоа е толку симпатично и забавно. Додека се обидувам да ја научам да има позитивно влијание врз нејзината околина, таа всушност ме учи како да бидам секој ден уште посилна, Олимпија се покажа како природно талентирана за светот на моделингот.

Stuart Weitzman е водечки американски бренд за додатоци, основан во 1986 година. SW е познат по својот единствен пристап кон спојување на модата, функцијата и вклопувањето во секој тренд. Фокусот на брендот е кон создавање на чевли и чанти кои ќе ги инспирираат жените да освојуваат по еден стилски чекор секој ден./M.M.

 

More in:Вести

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

You may also like

Comments are closed.