За дизајнерката за мебел Lara Bohinc новата колекцијата за седење е „разиграна и помалку секси“.

Колекцијата, инаку изложена на Миланската недела на дизајн, според авторката ја „прославува женската форма„.
Peaches, како што се нарекува колекцијата, е рачно изработена и вклучува три модела, во црвена и розова боја.

„Како и голем дел од мојата работа, дизајнот е разигран и малку секси, па затоа сакав да се осигурам дека имињата на секое парче го одразуваат тој аспект на дизајнот“, изјави дизајнерката за магазинот Дезен. „Колекцијата е инспирирана од женското тело, па си поиграв со зборовите кои често се спомнуваат. Така се случи да биде Peaches (Праски) за целата колекција и Derriere (Позади), Peachy (Праска) и Big Girl (Голема Девојка) за поединечните парчиња“.

Презентирани заедно со три порцелански вазни, исто дизајнирани од Lara Bohinc. Peaches беа изложени како дел од дизајнерската платформа Alcova, на неодамна завршената дизајнерска недела во Милано./М.М.

 

You may also like

Вести

90 години LEGO

LEGO во изминатите 90 години се етаблира не само како производител на забавни играчки за ...

Comments are closed.