Новите истражувања откриваат дека состојките како палмитоил тетрапептид-20 можат да го успорат или делумно да го вратат процесот на губеше на пигментот во косата.
Седата коса одамна не е само белег на стареењето – таа сѐ почесто се јавува и кај лица во доцните дваесетти години. Иако природниот процес на губење на пигментот во косата е во голема мерка генетски предодреден, сѐ повеќе научни истражувања укажуваат на тоа дека процесот може да се успори, па дури и делумно да се врати.
Дерматологот д-р Ифе Родни ( Ife Rodney) за ELEE магазинот објаснува дека косата ја добива својата боја од меланинот, кој се создава од клетките меланоцити во т.н. „пигментна единица“ на фоликулот. Со стареењето, овие клетки се намалуваат, а косата почнува да побелува. Но, освен возраста, и стресот, пушењето, анемијата, неухранетоста, ниското ниво на витамин Б, како и нелекувани проблеми со тироидната жлезда, можат да го забрзаат овој процес.
Интересно е дека студија од Универзитетот Колумбија покажала дека намалувањето на стресот може да доведе до делумна репигментација на косата, нешто што претходно се сметало за невозможно.
Нова надеж дава и една биомиметичка состојка – палмитоил тетрапептид-20, синтетички пептид кој го имитира природниот процес на стимулирање на меланоцитите. Студиите покажуваат дека оваа состојка може да го заштити функционирањето на меланоцитите и да ја продолжи нивната способност за создавање меланин, односно боја во косата.
Сметам дека палмитоил тетрапептид-20 е навистина ветувачка состојка“, вели д-р Родни. Сепак, додавајќи дека еднаш побелено влакно, без активни меланоцити, неможе повторно да се обои. Поради тоа, производите кои ја содржат оваа состојка треба да се користат превентивно, додека во косата сѐ уште има пигмент.
Неколку козметички компании веќе ги вградуваат овие иновации во своите производи. Брендови како Vegamour, Phyto и особено Arey, нудат серуми, шампони и додатоци во исхраната кои ја содржат оваа состојка. Arey користи и антиоксиданси како мандарински екстракт, кој исто така може да помогне во стимулирањето на производството на меланин.
Во однос на иднината, се разгледуваат и потенцијални лекови, како циклоспорин – имунопотиснувач, кој во одредени случаи довел до враќање на бојата на косата но, за тоа се потребни подлабоки истражувања.
До тогаш, експертите препорачуваат одржување на здрава исхрана, богата со растителни антиоксиданси и витамини од Б групата. Според дерматолозите, соодветната нега на скалпот и на организмот во целина може да биде клучна за зачувување на активните меланоцити.
Иако целосната репигментација ѐ сеуште невозможна, научните сознанија навестуваат дека иднината можеби ќе донесе решение за оние кои сакаат подолго да ја задржат својата природна боја на косата./M.M.

More in:Коса

You may also like

Comments are closed.