КозметикаУбавина и здравје

Салицилна киселина – повеќе од борба против воспалувањата

Салицилната киселина може да биде една од првите состојки за нега на кожата со која се запознаваат тинејџерите.

Салицилната киселина е класифицирана како бета хидроксилна киселина: и е единствената што се користи за нега на кожата. Природно добиена од кора од врба, оваа киселина продира во фоликулите за да го разгради маслото во нив, со што се намалуваат и спречуваат блокадите на порите, објаснуваат дерматолозите.

Салицилната киселина е позната по својата моќ за борба против воспалувањата, но добар производ всушност ќе направи многу повеќе. Кератолитичко средство, салицилна киселина ја намалува pH вредноста на кожата и ја зголемува хидратацијата, како и процесот на отстранување на мртвите клетки на кожата.  Исто така може директно да ги раствори кератинските приклучоци (познати како кератоза пиларис) и да ги подготви клетките на кожата за борба против акните и дамките.

Кои се разликите помеѓу AHA и BHA?

AHA и BHA работат на различни нивоа на кожата, па оттука и нивната различна класификација. АХА се киселини растворливи во вода (најчесто се добиваат од шеќерна трска, млеко и цитруси). Тие работат на површината на кожата, растворајќи ги дезмозомните врски , откривајќи ја посвежата кожа веднаш под неа. БХА е растворлив во масло и делува и на површината и подлабоко во порите, растворајќи ги заробените остатоци и вишокот на себум што доведува до воспалувања.

Салицилната киселина е погодна за употреба на сите типови на кожа, но е особено ефикасна кај склони кон акни, бидејќи помага да се спречат блокади на порите и содржи антиинфламаторни својства. Сепак, секој што има алергија на аспирин, треба да одбегнува производи што содржат салицилна киселина, бидејќи припаѓаат на истото семејство на соединенија, па кожата може да биде нетолерантна.

Традиционално, салицилната киселина се користи во гелови и третмани на бубуљици на самото место, но се користи и за превенција, како и за лекување.

Чистењето на кожата на салицилна киселина е добар сојузник за кожа склона кон акни, бидејќи ќе помогне порите да се одржуваат постојано чисти, спречувајќи го нивното појавување./М.М.

You may also like

Comments are closed.