Тесто за 4 роло пици:

  • 350  гр. брашно
  • 150 мл. вода
  • 20 мл. маслиново масло
  • половина лажичка сол
  • 10 гр свеж квасец

Подготовка:

Од наведените состојки се замесува меко тесто. Се формира топка, се покрива со памучна крпа и се остава да стаса 40 минути. Се размесува и се дели на четири еднакви дела. Повторно и се остава да се одмори тестото  20 минути.

Се зема првото топче и се размесува во кора со дијаметар до 30 цм. Се става во тава и се пече во загреана рерна на 250 Ц  пет минути за потоа да се преврти и да се пече повторно пет минути. Да се внимава да не се препече – треба да е мека и да може да се витка. Потоа се става во чинија и се покрива со крпа. Истата постапка се повторува и со другите кори.

Фил:

  • Мајонез
  • Кашкавал
  • Шунка
  • Кулен
  • Печеница
  • Маринирани печурки
  • Оригано
  • Јајце за прмачкување
  • сусам

Основите за роло пица се премачкуваат првин со мајонез, па се додава рендан кашкавал и се редат шунката, куленот и печеницата по желба, а потоа и печурките и ориганото. Се преклопуваат левиот и десниот  крај  кон внатре и заедно се ролуваат. Кога се готови се редат во тава, се премачкуваат со јаце и се додава сусам. Се печат во загреана рерна на 250 Ц 10 минути, да заруменат. Наздравје!/М.М.

ММ кујна

Обланди карамел

Обландите со карамел се совршени, особено доколку подготвувате прослава, или, сакате неделниот ручек со семејството ...
ММ кујна

Сушени домати

Најдобри за сушење се малите меснати домати, зрели, црвени, сеуште цврсти и без флеки. Пелатите ...

You may also like

Comments are closed.