Заводливите комплети на Agent Provocateur се наменети за сезоната пролет/лето 21 и според името – Утопија – претставуваат своевидна утопија со сензуален пресврт. Промоцијата на колекцијата е проследена со кампања наречена Disheveled Fairy Tale, во која, во главните улоги настапуваат актерката Zozefin de la Baume и моделот Nijasha Matonhodze.

„Среќни сме што повторно работиме со Zozefin de la Baume, една деценија откако таа се појави во Agent Provocateur, за повторно да и подари малку од својата слава на нашата Утопија.

Zozefin ноншалантно влегува во својата улога на жена агент провокатор, како бестрашна, женствена, полна со самодоверба и тотално уникатна хероина, подготвена за сè “, истакнува креативната директорка на брендот, Sara Ѕhoton, на претставувањето на новата колекција.

Инспирирани од Аурора Бореалис, за Утопија се избрани темносината, зелената, жолта и циклама. Меѓу новитетите, се издвојува комплетот Taisia, кој се одликува со High Neck Underwired градник и гаќички со висок струк, направени од француска тантела, во комбинација со лурекс.

Комплексот Maybelle доаѓа со висок градник, танга или редовни гаќички и појас со жартиери во нијанси на бела и праска. Дел од комплетите содржат и куси или долги наметки, исто така надополнети со француска тантела во пастелни светло розови или светло сини нијанси. Комплетите од колекцијата можат да се видат на https://www.agentprovocateur.com/int_en/new-in

Agent Provocateur  е британска фирма за долна облека, основана во 1994 година од Joseph Corré и Serena Rees. Компанијата има продавници во 13 земји, со над 600 вработени./M.M.

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.