По повод прославата на 65-годишнината од основањето на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје, студентите од Институтот за текстилно инженерство, под менторство на проф. Лидија Георгиева, ја подготвија традиционалната модна ревија на тема ВРЕМЕ. Ревијата ќе биде одржана утре, 20 јуни, во Технолошко-металуршкиот факултет, со почеток во 20 часот.
Студентите го истражуваа поимот време како континуум, река која постојано тече и со себе го носи наследството од минатото низ патеките кон иднината. Приказната за влијанието на времето врз модата, ја доловува нејзината суштина низ дијалогот на бои, текстури и форми. Со изработка на уникатни дизајни, студентите ги пренесоа нивните различни толкувања – некои креации се инспирираат од елеганцијата на минатото, со оригинални детали и ткаенини, додека други гледаат кон иднината, прикажувајќи иновативни силуети кои ги симболизираат безграничните можности на утрешницата. Дизајните ги одразуваат моментите на транзиција, каде што старото се среќава со новото, отелотворувајќи го трансформативниот дух на креација што го дефинира факултетот.
Модата ја доловува суштината на времето, рефлектирајќи изгледи од различни ери и предвидување на идните трендови. Дизајнерите често се осврнуваат кон минатото за инспирација, па цикличната природа на модата покажува како таа не се движи линеарно, туку спирално, па старите стилови се постојано реобмислени. Оваа интеракција на минатото, сегашноста и иднината во модата го истакнува времето како динамичен концепт кој постојано се развива и каде коегзистираат историјата и иновациите.
Голема благодарност до партнерите за шминка и фризура – студентите од школата Димитар Влахов, како и Cosmo, Pierre Cardin Cosmetics – официјален партнер за шминка и Alfa Parf Milano – партнер за фризура, коишто помогнаа во реализацијата. Моделите се од модните агенции Подиум и Црнокрак./М.М.
More in:Мода вести
Модната недела на Perwoll започна со модно патување на Слаѓана Милошевиќ
Есенската, 54-та по ред модна недела на Perwoll синојќа во Белград е отворена со модно ...
Уметничка Изложба на Warm Metal и Хуго Виндер-Линд
Во рамките на годинешното издание на Моден Викенд Скопје, на 25 октомври, во Лабораториум, ќе ...
Обиди се – порака од 54. Perwoll Fashion Week
Есенскиот, 54. по ред Perwoll Fashion Week ќе се одржува од 17. до 25. октомври ...
Gap и Cult Gaia создаваат за модерната божица
На изненадување за љубителите на модата, Gap се здружи со Cult Gaia за да создадат ...