На претстојната Copenhagen Fashion Week, што се одржува од 10 до 13 август, предвидено е одржување на 25 модни ревии со публика, како и 13 дигитални премиери, со најновите колекции наменети за пролет/лето 2022 година. Распоредот и деталните информации се на https://copenhagenfashionweek.com/

Освен ревии и модни филмови, во деновите на модната недела ќе се расправа на актуелни теми – брзата мода, одржливоста и зачувувањето на околината, ќе бидат промовирани млади модни иноватори со нивните нордиски колекции, а ќе се дебатира и за теми поврзани со високата мода.

Copenhagen Fashion Week за прв пат склучи ексклузивен договор со YouTube за следење на настанот преку YouTube.com/Copenhagenfashionweek,  YouTube.com/Live and YouTube.com/Fashion. Исто така преку copenhagenfashionweek.com, настанот ќе има livestream за интеракција со гледачите ширум светот./M.M.

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.