По повод  одбележувањето на 15-годишнината од Фондацијата на Принцот Алберт Втори од Монако и петтото издание на Monte-Carlo Gala, одржана е престижна хуманитарна вечер за поддршка на акциите за планетарното здравје и работата на фондацијата на Принцот Алберт, како и на фондацијата на Принцеза Шарлин од Монако за благосостојба и развој на децата.

Во обраќањето на настанот Принцот истакна: Додека светот се бори со најтешката пандемија на векот и доживува криза без преседан, нашите животи драстично се променија, а глобалните движења за солидарност бележат зголемување. Во овие несигурни времиња, постои барем една неоспорна сигурност: време е да ја слушаме нашата Планета и да одбиеме да се вратиме на „работата како и обично“.

Monte-Carlo Gala и годинава собра бројни филантропи, уметници, големи интелектуалци и научни личности. На црвениот тепих можеа да се видат познати холивудски артисти и делата на дизајнерите на високата мода. Особено внимание привлече Sharon Stone, во балски фустан во изразита виолетова боја, со потписот на Dolce & Gabannа./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.