Групата ДНК од и за населба Аеродром го отвори новиот трговски центар – Џевахир Мол во Скопје. Голем број присутни ја следеа програмата под мотото „Аеродром пулсира“ каде што, освен ДНК, настапија Таско, Лара и Пајак и ДЈ Мац, а најмладите посетители се дружеа со Стела и Сани.
Вечерта на отворањето променадата на комплексот беше преполна со посетители од целиот град. На ѕидната површина на објектот е поставен најголемиот мурал во Југоисточна Европа. Се протега на 4000 метри квадратни и е креиран од локални уметници за локалното население.


Муралот претставува симбол на убавината на оваа земја и овој град во кој живеат луѓе од различни култури, изјави Хана Муминовиќ, директор за продажба и изнајмување во компанијата Турмак.


Франк Урбан кафе и Бабилон кафе се дел од брендовите коишто Џевахир Мол Скопје ќе ги понуди на посетителите. Молот е биде домаќин и на првата „Concept Room“ галерија, простор наменет за творење и изложбена галерија за локалните уметници.
Со отворањето на трговскиот центар целосно е завршен инвестицискиот потег Скај Сити во овој дел на општина Аеродром. Висококатниците Скај Сити се највисоките кули во градот и едни од највисоките на Балканот./M.M.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.