Ronald van der Kemp

Кога Ronald van der Kemp пред една деценија го претстави својот концепт за одржливоста во модата, беше осамен дизајнер на таквата, нова мода. Со време одржливоста стана една од најитните нарации на модата. Холандскиот дизајнер има свои заслуги во тоа, неговите колекции се направени од постојнит ресурси, а неговата убедливо гламурозна облека отсекогаш била усогласена со неговиот искрен збор за опасностите од прекумерната потрошувачка.

Ronald van der Kemp

Неговите колекции се во таа насока постојан предизвик за големите имиња во модната индустрија. Особено затоа што создава со користен текстил, или вештачко крзно, или што голем дел од материјалите со кои работи се добиени од i-did, холандска компанија која изработува нови материјали од ѓубре од текстил. Ваквиот процес на набавка на материјали за дизајнерот не е ограничувачки туку претставува поттик да создава малу, оргинални колекции, со единствени парчиња. https://www.ronaldvanderkemp.com/about

Ronald van der Kemp

За тоа колку сериозно ја сфаќа својата мисија, потврда е и неговата CBD паста, позната како дизајнерски лек – како Вакцина за умот. Mind Vaccine е и името на филмот што го сними оваа сезона. „Подготвен сум за хедонизам, но за одговорен хедонизам“, објасни тој. „Пастата има некаква непослушна конотација, но всушност ви помага да останете смирени и да бидете повнимателни“.

Освен одржливоста една од главните определби на Van der Kemp е и праката да не се купува подоброто туку најдоброто, за помалку да се купува.

Својата есенска колекција минатиот месец дизајнерот ја претстави и во Тиват, Црна Гора, во марината Porto Montenegro, во рамките на третиот интернационален моден фестивал, на кој одржливоста беше водечка тема./M.M.

Ronald van der Kemp

Ronald van der Kemp

Ronald van der Kemp

Ronald van der Kemp

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...
Мода

Афродизијак од Tony Ward

Либанско- италијанскиот дизајнер Tony Ward својата есенско/зимска колекција ја наслови со прашањето: Каде е Афродита?, ...

Comments are closed.