Мода вестиМоден мозаик

Нова Kate Moss во новата кампања на Marc Jacobs

Етеричната Kate Moss, со коса обоена во розово и со имиџ на лоша девојка, за потребите на новата кампања на Marc Jacobs, како да ги враќа спомените од своето розово минато.

Но, тоа не е прв пат британскиот супермодел да ја смени својата платинесто руса коса. На почетокот на кариерата, во 90-тите, таа секогаш носеше необични кроеви и смели бои на косата.

Супермоделот се врати на сцената, во кампањата на Marc Jacobs за наредната година, продолжувајќи ја нивната соработка од 2000 година, кога беше во есенската кампања на американскиот дизајнер.
Во оваа кампања Моѕѕ го канализира стилот од почетокот на 2000-те, со чевли со платформа, тексас и – Bucket чанта, која преставува своевидна вонвременска стилска изјава на Marc Jacobs.
Така Kate Moss, освен розовиот изглед, впечатливо долови и делови од „Resort“колекцијата на Marc Jacobs./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.