Giesswein компанија, која создава обувки од волнените предива ја промовира својата најнова пролетно-летна колекција. Новите модели се во повеќе бои, нови линии, но и од уникатни ткаенини, изработени од 100% волна.

Обувките се исклучиво од чиста мерино волна, што може да апсорбира и одстрани до 80 милилитри течност, а има и антибактериски својства, така што се чувствувате и мирисате – свежо.

Одржливите суровини значат и одржливо производство: волната не останува неискористена, а  90% од водата што се користи во производство се рециклира.

Во индустријата за обувки, 20% од остатоците се трошат и се фрлаат. Во Giesswein пронајдоа нов начин на создавање 0% отпад за време на процесот на производство.

Во Giesswein мерино волната се третира поинаку, со 3D-растегнување: производите се направени со техника на 3D-растегнување, така што патиките се подеднакво пријатни  и еластични. Секако, развивајќи извонредни ткаенини кои ги зголемуваат позитивните карактеристики на волната во Giesswein се води грижа и за етиката при добивањето на волната./М.М.

Деталите се на: https://en.giesswein.com/products/wool-sneaker-women

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.