Bobe's bakery

Подготовка: се замесува многу меко тесто од следниве состојки:

  • килограм брашно,
  • 10 гр. свеж квасец,
  • лажица сол,
  • лажица маслиново масло и
  • 600/700 мл. вода.

Тестото се покрива со памучна крпа и се остава да стаса 12 часа (цела ноќ). Потоа се премесува и се става во пекач или тенџере обложено со хартија за печење, се посипува горниот слој со брашно и од горе нежно се притиска да се разнесе брашното насекаде, па повторно се покрива со памучна крпа и се остава уште два часа да стаса. По второто стасување, со остар нож се засекува горниот дел, се поклопува со капак и се става да се пече 40 минути во загреана рерна на 220Ц.

Bobe’s bakery

Со капак се пече 30 минути, потоа без капак уште десетина минути, за да добие убава боја. Штом ќе се извади од рерната, се вади од пекачот и се витка во памучната крпа,  па се става на решетка да се излади, за од долната страна да не се наводени. Наздравје! /Б.Б.

Bobe’s bakery

ММ кујна

Пастрмајлии

Овие пастрмајлии се меки како памук, полни со вкусови од месото, сланината и јајцата. Истите ...
ММ кујна

Обланди карамел

Обландите со карамел се совршени, особено доколку подготвувате прослава, или, сакате неделниот ручек со семејството ...
ММ кујна

Сушени домати

Најдобри за сушење се малите меснати домати, зрели, црвени, сеуште цврсти и без флеки. Пелатите ...
ММ кујна

Мафини со вишни

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт ...

You may also like

Comments are closed.