Завршниот концерт на двегодишниот музички проект “Македонијо во срце те носиме” ќе се случи на седми декември, во големата сала на Македонска филхармоја, во Скопје, со почеток во 20 часот. Во придружба на Симфонискиот оркестар, ќе бидат изведени 12 песни кои беа исполнети и на 18-те концерти реализирани во сите поголеми градови низ земјава, како и три нови преработки.
Една од новите преработки е со наслов „Има една земја“, песна создадена од Григор Копров, отпеана во далечната 1986 година, од легендарниот Гоце Николовски. На сцената на Македонска филхармонија сега ќе биде отпеана во дует – од Сузана Спасовска и Александар Тарабунов“, велат од Скендеровски продукција, инаку задолжени за целата ова убава приказна.
Освен „Има една земја“, на сцената ќе ја чуеме и „Молитва“ , на авторот Миле Барбаровски, што ќе ја отпее Бојана Скендеровски.
Најубавите македонски патриотски песни ќе бидат во изведба на Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, ДНК, Наум Петрески, Зуица Лазова, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Андријана Јаневска, Марија Спасовска, Огнен Здравковски и Ламбе Алабаковски.
Познатиот музичар и композитор Никола Мицевски веќе ги прави оркестрациите за песните, а со оркестарот ќе диригира Сашо Татарчевски. Водител ќе биде актерот Дејан Лилиќ.
Концертот ќе се снима и видео и аудио, билетите се веќе во продажба, преку мрежата на www.kupikarta.com , по цени од 1000 и 1400 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за хуманитарни цели.
More in:Вести
Versace пред продажба – дали Prada Group е купувачот
Вестите за потенцијалното купување на Versace од страна на Prada Group деновите предизвикаа бројни коментари, ...
H&M Studio ја претстави Pre-Spring колекцијата
Како што сезоната почнува да преминува во подолги, посветли денови, острите кроеви и обемните форми ...
Ново од Сара Мејс – овековечување на „Псалм 150“
Иако ангажирана со својата празнична турнеја низ Македонија и постојаните изведби во матичната Македонската опера ...
Детска Амбасада за Сите Деца во Светот: Орден за мир за Бимилк
Млекара АД Битола е добитник на престижниот Орден за мир за 2024 година од Детската ...