Дигитализација на индустријата за мебел и ентериер ги опфаќа сите сегменти од индустријата за мебел, како и оние што се тесно поврзани. –  Design Expo е постојана платформа – изложбениот пакет важи 12 месеци и може да се продолжи 

Најголемиот саем за виртуелен мебел веќе привлече скоро 100 изложувачи од повеќе од 30 земји, претежно од Европа. www.design-expo.eu  е најголемата виртуелна дигитална платформа во ЕУ за поврзување и интеракција со деловни субјекти од индустријата за мебел. Покрај B2B, оваа платформа може да се користи и во деловните активности на B2C.

Класичните саеми станаа прескапи и неефикасни, а поради глобалната ковид пандемија, сите големи саеми во индустријата за мебел се откажани, иако многу компании бараат начини да дојдат до нови деловни партнери и клиенти. Затоа е создадена дигиталната платформа Design-Expo.eu како виртуелниот саем што  ги опфаќа сите сегменти од индустријата за мебел, како и оние што се тесно поврзани со неа: www.design-expo.eu

EU Design Expo го претставува најдоброто од најдобрите во индустријата за мебел и декорација на внатрешните и надворешни простори за живеење. Изложувачите од ЕУ и другите земји во светот се насочени да презентираат нови дизајни, трендови, материјали, мебел, технологии и услуги, што имаат најголемо влијание врз иднината на модерниот простор за живеење.

Саемот има и едукативна и советодавна улога преку вебинари во живо, со реномирани експерти од светот на архитектурата и дизајнот на ентериер, а ќе бидат објавени едукативни и професионални блогови, како и пазар на мебел./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.