Bobe's bakery

Потребни состојки:

  • 3 кг јагоди,
  •  килограм шеќер,
  • сок од еден лимон.

Подготовка:

Јагодите се чистат, мијат и се сечкаат на ситни парчиња. Се полеваат со сокот од лимон и се редат во тенџерето во кое ќе се варат: ред јагоди, ред шеќер и се оставаат во фрижидер, најмалку три часа,  за јагодите да пуштат сок.

Јагодите се варат на средна температура додека да зовријат, тогаш се намалува температурата и се варат додека да се згусне џемот. Во текот на варењето се прави пена, и таа треба да се отстранува. Доколку сакате џемот да биде без видливи парченца јагоди, може да се испасира, пред да се става во тегли, нашиот џем не е пасиран.

Топлиот џем се става во топли тегли, се затвораат и превртуваат на капакот за така да постојат околу 15. минути, за да нема воздух над џемот во теглите.

Откако теглат со џемот од јагоди ќе се отвори за користење, треба да се чува во фрижидер./Б.Б.

Наздравје!

Bobe’s bakery

 

ММ кујна

Пастрмајлии

Овие пастрмајлии се меки како памук, полни со вкусови од месото, сланината и јајцата. Истите ...
ММ кујна

Обланди карамел

Обландите со карамел се совршени, особено доколку подготвувате прослава, или, сакате неделниот ручек со семејството ...

You may also like

Comments are closed.