Dolce&Gabbana_AltaModa_

Новата Dolce & Gabbana Alta Gioielleria колекција накит е посветена на Венеција и на нејзините историски симболи. Во Venetian Dream дизајнерите вклучија и скапоцени камења и Мурано стакло, како и камен од Истра.

Dolce&Gabbana_AltaModa_

Во еден од герданите е овековечен и вековниот симбол на Венеција, гондолата, од аквамарини во боја на лагуна, аметисти, сафири и дијаманти. Самиот брод е создаден од бел истарски камен, кој се користел и за изградба на знаменитостите на градот. Суптилните истарски камења, со злато и дијаманти се вградени и во други парчиња, како малите уметнички дела, рачно изработени од Murano стаклото, што се одликуваат со украсни додатоци и украсни детали.

Dolce&Gabbana_AltaModa_

Новата Alta Gioielleria на Dolce Gabbanas е своевиден венецијански сон: особено прекрасните стаклени минијатурни парчиња што мајсторите занаетчии ги претворија во обетки и златни мрежи за на глава од филигран, преполн со рубини, смарагди и бисери.

Dolce&Gabbana_AltaModa_

Dolce & Gabbana накитот е со поголемо значење, кога станува збор за зачувување на италијанските занаети и наследените вештини. Секоја креација од колекцијата е афирмација на уметничката извонредност на Италија. Мозаиците, како и камењата што се користат во криптата на базиликата Свети Марко, се sвездите на промоцијата.

За оваа колекција, дизајнерите работеа со занаетчии користејќи ја последната постоечка историска печка во градот. Имено, останати  се малку занаетчии кои можат да произведат микро мозаици користејќи древни методи за обработка на стаклена паста, долг и педантен процес за време на кој емајлот се загрева над пламен и се „врти со рака“.

Колекцијата, според Dolce & Gabbana, ја слави важноста на уметноста и на мајсторите занаетчии од Италија, за кои велат дека се најдобри во светот./M.M.

Dolce&Gabbana_AltaModa_

Модни додатоци

Balmain B-Buzz

Италијанската модна куќа Balmain годинава ја започнува со нова колекција на чанти, наречена B-Buzz, наменети ...

You may also like

Comments are closed.