Моделс ИН Менаџмент

Нашиот интернационален модел Христијан Стојаноски – Крис се појави во  новата кампања за реномираниот пијалок за возрасни, Blenders Pride Indian Whisky.

Христијан Стојаноски – Крис

Создаден од Pernod Ricard овој пијалок за прв пат е произведен во 1995-та година, за во 2011-тата  да ја добие и премиум линијата, наречена  Blenders Pride Reserve Collection.

Христијан Стојаноски – Крис е веќе седум месеци во Индија и може да се пофали со голем број  проекти и кампањи. Имено, тој трети пат работи на индискиот пазар, а моделингот го одведе на места за кои не ни сонувал дека еден ден ќе ги посети, како елитното собиралиште Гоа, егзотичниот Бомбај и мистериозната Калкута.

Христијан Стојаноски – Крис

Договорот му истекува во декември, а потоа имаме план да ја освои и Азија, вели неговиот матичен агент Алек Наумовски, од Моделс ИН Менаџмент. Стојаноски е сериозен и професионален модел, убаво изгледа и сето секако ќе придонесе кон успешен развој на неговата кариера во интернационалниот моделинг, додава Наумовски./M.M.

Христијан Стојаноски – Крис

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.