Главната порака на самата приказна и колекцијата е дека кога жените меѓусебно се подржуваат чуда се случуваат! 

Ова е приказна за три мајки, три жени кои успешно водат свои бизниси, три пријателки кои ги има споено Инстаграм. Ова е една поинаква – секојдневна приказна за нивниот живот, животот со децата, животот надвор од дома, нивната работа. Преку приказна, сакав да ја испрезентирам најновата ready-to-wear, пролет-лето колекција од Елеазар. Ова не е класична фотосесија, ова е живот, секојдневие, приказна, која стана реална и оживеа.

Како всушност сето започна?

Целокупниот живот во светот се смени, почнавме да живееме во „Корона време“, каде маските ни се главен моден детаљ, каде тотално се асоцијализиравме, каде дружбата ни се сведе на минимум.

Бидејќи дојде до огромни промени во светот, сакав и јас да направам свои промени во модната индустрија. Не сакав класична фотосесија со манекенки: сакав нешто поразлично, нешто каде што, преку приказна за жени кои немаат совршено тело, жени кои немаат долги нозе, ниту тенок струк и 180 цм. височина, сакав токму со нив да ја пренесам енергијата и приказната што ја замислив. Да, тоа сме ние: совршено несовршени и носиме облека која е наменета за сите нас, облека која можете да ја видите како изгледа на нормална жена.

Материјалите од кои е изработена колекцијата се памук и свила. Преферирам да работам со природни материјали, кои пред се’ се удобни и пријатни за носење за циркулирање низ секојдневието.

Главната парола на самата приказна и самата колекција е кога жените се подржуваат меѓусебно, чуда се случуваат!/M.M.

 

More in:Мода

You may also like

Мода

Wild West на Zuhair Murad

За неговата Wild West колекција наменета за периодот пред есента 2022 година, дизајнерот Zuhair Murad, ...

Comments are closed.