Во овој месец светот одбележува година дена од првото заклучување: од испразнетите улици, затворените граници, редиците пред маркетите. За многумина, овие изминати 12 месеци беа поминати главно во затворени простории и во обувки за работа од дома.

Кога и дали ова лето конечно ќе се појавиме во светлината на реалниот свет, сеуште никој со сигурност неможе да каже, иако со вакцинацијата, за многумина, ќе се отворат и вратите на летувалиштата. Како и да е, аклиматизацијата на чевли, по престојот главно по дома, веројатно и нема да биде толку удобна.

Поради тоа, не треба да изненади што повеќето дизајнери за летово беа водени од новата реалност и континуираната опсесија на светот со патики.

Така, се предлагаат меки и широки папучи, патики и чевли, без врвки, обувки што нудат помош за опремување на стапалата, при преминот од каучот во реалниот, заитан свет. Брендовите јасно го препознаа зголеменото барање и за ваков вид обувки, па понудија и широк спектар на нови хибриди, во спектар на модели и цени. Ова се некои од новите модели на Diemme, КЕЕН Zerraport, Salomon and Wander, Boccaccio 2, со нивните напредни инвентивни решенија. /M.M.

 

You may also like

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

Comments are closed.