![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2020/11/6CE7173F-B0AE-4985-8857-F2B2E1293A06.jpeg?resize=800%2C400&ssl=1)
Маската за лице од портокал ја храни кожата, ги избелува темните дамки и прави благ пилинг.
Портокалот е многу вкусно и здраво овошје кое е богато со витамини Б и Ц, како и калиум, калциум, фосфор, манган, бакар, цинк, кои се одлични антиоксиданти. Затоа, треба да се јаде што е можно почесто, особено сега, кога е најсочен. Освен вкусен и здрав сок од портокалот можете да направите одлична маска, која ја затегнува кожата, и да ја нанесувате на лицето двапати неделно. Освен што ја храни кожата, ги избелува темните дамки и прави благ пилинг.
Потребни се портокал и две лажици глина – се мешаат и оставаат да одстојат 15-тина минути, за да не се формираат грутки. Мазната мешавина се нанесува на лицето и вратот. Маската оставете ја да делува 20 минути, а потоа измијте. Измијте го лицето и нанесете хидратантна крема. /М.М.