Bobe's bakery

Потребни состојки:

За тестото:

  • 150 гр. брашно од бадеми (мелени бадеми),
  • 150 гр. шеќер во прав,
  • 25 грама (три лажици) какао,
  • четири белки од јајца ( на собна температура),
  • лажиче сол,
  • 150 гр. шеќер и 40 мл. вода( за шербет).

За премачкување, џем од јагоди:

  • 100 гр. шеќер,
  • 40 мл. вода,
  • 250 гр. јагоди,
  • лажица  сок од лимон.

За фил:

  • 200 мл. слатка павлака,
  • 150 гр. крем од сирење,
  • 150 гр. путер (на собна температура),
  • 150 гр. шеќер во прав,
  • пакување ванилин шеќер.

    Bobe’s bakery

Подготовка:

Во блендер се ставаат брашното од бадеми, шеќерот во прав и какаото. Убаво се мешаат и се просејува, за да нема никакви грутки. На смесата и се додаваат 2 не матени белки.

Настрана се подготвува шербетот од шеќерот и водата, за да поврие пет минути најмалку, за да згусне, додека во друг сад се ставаат две белки со солта и се матат со миксер. Кога убаво ќе се изматени, постепено, и без прекин во матењето, се додава топлиот шербет. Откако ќе се стави целиот шербет, матењето продолжува додека садот малку не се олади и се формираат сјајни тврди врвови од белките. Оваа шампа се додава во првиот сад, со просеаното бадемовото брашно, шеќерот, какаото и двете белки. Се меша нежно, со силиконска шпатула, да не спласнат белките. Кога смесата ќе се изедначи, се става во торбичка за шприц или во кеса со пресечен врв и се става дирекно во тепсија, врз хартијата за печење. Тестото се става во два дела од тепсијата, внимавајќи да не се соедини.

Откако тестото е ставено во  тепсија  неколку пати се стресува, за да излезат воздушните меурчиња. Останатото тесто се става во помала тепсија, на хартија, каде што се прават нормални мали топчиња макаронси, за украсување. Се печат 20 минути во рерна загреана на 150 Ц, без отварање. Рерната се исклучува, се подотвара, за по 2-3 минути да се извадат.

Bobe’s bakery

Подготовка на џем од јагоди за премачкување :

Ставете ги во тенџере исечканите јагоди, шеќерот, водата и лимоновиот сок и оставете да зовријат. Треба да вријат осум минути, да згусне слаткото, за потоа да се стави на страна, за да се излади.

Подготовка на филот:

Во сад се мати омекнатиот путер со шеќерот во прав, потоа се додава крем од сирење и ванилата, а на оваа смеса и се додава претходно изматената слатка павлака. Готовиот фил се става во торбичка за шприц и може да постои во фрижидер додека се испечат макаронсите.

Филување:

Ставете едно тесто  макаронс правоаголник наопаку на послужавник. Горниот дел го премачкувате со џем од јагоди, над него, со оладениот фил со шприц се прави еден слој со крем. Врз него се редат сечкани листови од јагоди, па повторно се покриваат со фил. Над филот се става вториот макаронс правоаголник и се става во фрижидер, да се лади, а макаронс тестата да омекнат. Одозгора се декорира со макаронсите претходно споени со филот и свежи јагоди. Наздравје!/Б.Б.

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

You may also like

Comments are closed.