Кога Balenciaga неделава ги претстави најновите Paris патики, меѓу коментарите можеше да се прочита и дека доколку Cristobal Balenciaga би бил жив и да ги види патиките, сигурно би извршил самоубиство!

Balenciaga Paris патиките со „уништен“ изглед се преставени во ограничено издание од 100 пара и предизвика бурни реакции на Интернетот. Освен нивниот уникатен изглед и цената од 1450 евра уште повеќе ја засили огорченоста на интернет корисниците.

Истрошениот, валкан и искинат дизајн на Balenciaga Paris, предизвика незадоволство, и резултираше со лавина критики кон француската луксузна куќа, од типот “Немам коментар.” „Најлошата патика на годината“.

Како и да е, од Balenciaga се бранеа со изјавата дека овие јагленосани и исечени памучни платнени патики им оддаваат почит на оние носени во текот на 20 век, односно дека ја рефлектираат „безвременска секојдневна облека во црна, бела или црвена боја, со бел гумен ѓон и пети со старо платно и груби рабови, кои влијаат на истрошениот изглед“.

Продажбата на стоте пара во распаѓање е всушност дел од стратегијата за промоција на вистинската колекција на Balenciaga Paris патиките, а овој комуникацискиот потег успеа да го привлече вниманието ширум Интернетот.
Идејата е на уметничкиот директор на куќата, Demna Gvasalia, кој и во минатото се нема двоумено околу деконципирањето на поимот луксуз за да го осуди, оспори и потоа да ги претстави вистинските креации за продажба.
Преку овој комуникациски потег, тој ја пренесува и пораката според која Paris патиките се „наменети да се носат доживотно“./М.М.

 

Мода вести

Balmain x Cole NFT

Еднорогот, симболот на храброста, гордоста и моќта на ослободувањето е инспирацијата на тимот на Olivier ...

You may also like

Comments are closed.