Култура на живеењеММ кујна

Колач со модри сливи

Неодолив и ароматичен е овој колач со модри сливи. Мек, сочен прекриен со сатенски крем од ванила, а врз него прелиен со неодолив прелив од сливи, вино, цимет и анис.

Состојки:

  • 500 гр. модри сливи
  • 300 гр.шеќер

Тесто:

  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици брашно
  • лажица мелени ореви/бадеми/лешници
  • прашак за печиво

Крем:

  • 750 мл. млеко
  • 7 лажици шеќер
  • 3 пудинзи од ванила
  • 125 мл. слатка павлака

Прелив:

  • 5 модри сливи
  • 3 лажици шеќер
  • лажица путер
  • 50 мл. црвено вино
  • лажица цимет
  • анис

Подготовка:

Во тава со димензија 20 х 30 см, се става тенок слој шеќер, па се додаваат сливите исечени на кругови, одозгора се прекриваат со шеќер измешан со лажица цимет и се ставаат да се печат 20 минути во загреана рерна на 220 Ц. Додека се печат сливите во длабок сад со миксер се матат јајцата со шеќерот, па на крај се додава брашното измешано со прашакот за печиво и мелените ореви/бадеми/лешници се меша со лажица да се сврзе се заедно. Оваа смеса се полева врз печените сливи и повторно се става во рерната на 220Ц, да се пече уште 15-20 минути да зарумени тестото.

Крем: на оган се става млекото со шеќер, откако ќе зоврие се намалува температурата и се додава смесата од пудинзи растворена во 100  мл. ладна вода со непрестано мешање, додека да згусне. Потоа се остава да се олади. На оладен пудинг му се додава претходно изматена слатката павлака и се мати со миксер да се соедини и кремот да стане воздушест.

Откако ќе се олади тестото се превртува, одоздола да биде тестото а врз него да се печените сливи, па врз нив се става кремот од ванила. Се чува во фрижидер.

Прелив: Во загреана тава се става лажица путер и сливите без семки исечени на кругчиња, се додава и шечерот и се пржат на средна температура 5-7 минути, да омекнат, потоа се додавалажица цимет, едно цветче анис и вино, се остава уште 5 минути да поврие. Оладено се става во тегла и кога се сервира коцка од колачот врз неа се става од преливот,а со сливите се декорира.

 

На здравје сладење!

You may also like

Comments are closed.