Emma and Nick Hill, од Тасманија, Австралија, во далечната 1985 година за шест илјади долари купиле 18 метри долг автобус и потрошиле 45,000 долари за негово целосно преуредување.

Парот, познат како @thebushideaway на Инстаграм, велат дека преуредувањето на автобусот траело цела една година. По децении поминати во него, автобусот не е продаден, затоа што се отворени за можноста еден ден повторно да им биде дом.

Сега автобусот се изнајмува како атракција преку Airbnb, како The Bus Hideaway.

Автобусот има голем кревет, камин на дрва, како и целосно опремени кујна и бања.

Парот од Тасманија, по реновирањето на автобусот во простор за живеење, во него ги израснеле и своите деца.

Автобусот се наоѓа во Хилвуд, Тасманија, на земјоделското земјиште на нивното семејство.

Тие изјавија за Инсајдер дека сега живеат во традиционален дом, а автобусот го изнајмуваат затоа што за него се јавил голем интерес така што на резервација се чека и по месец дена.

The Bus Hideaway сега реновиран за потребите на туристите вклучува канцеларија, кујна, дневна соба со софа, катче за читање и камин. Цените започнуваат од 161 американски долари за ноќ.

Emma Hill истакнува дека вредноста на престој или живеење на мал простор  е тоа што промовира едноставност и минимализам, но исто така им овозможува на луѓето да уживаат во природата./М.М.

You may also like

Вести

ЕКСПО ДУБАИ 2020

Светската изложба отсекогаш била настан што ја покажува способноста на една земја да ја прикаже ...

Comments are closed.