![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/02/148016806_3900400023314821_5725112076981222837_n.jpg?resize=800%2C400&ssl=1)
- 800 гр. брашно,
- 1/4 свеж квасец, во млака вода, со малку шеќер, за да се активира,
- голема лажица сол,
- две големи лажица масло,
- малку пециво
Фил:
– 8 виршли,
– 3 големи лажици сенф,
– 400 гр. Ајдемер, рендан,
– јајце,
– сусам.
![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/02/146972163_3900400289981461_2551574535646940049_n.jpg?resize=960%2C720&ssl=1)
Bobe’s bakery
Се замесува меко тесто ( да не лепи на рацете), а по потреба се додава и млака вода. Се остава 40 минути да стаса тестото. Потоа се дели на два дела – првиот малку поголем, за долниот дел од питата и вториот – помал, за кората – горниот дел на питата. Тестото се остава да одмори уште 20 минути.
![](https://i0.wp.com/modamoda.mk/wp-content/uploads/2021/02/147298890_3900400046648152_8799743216418685335_n.jpg?resize=960%2C720&ssl=1)
Bobe’s bakery
Поголемиот дел од тестото се става на набрашнета површина и, без претходно да се премесува, се развлекува кора голема колку и тавата и се става во неа. Се премачкува со сенф целото тесто, врз него се става рендан ајдемер и се редат виршлите, претходно исечени на пола по должина. Се расукува помалото тесто и се реди врз виршлите. Се премачкува со јајце, врз него се тура сусам и се става во загреана рерна на 250Ц. Се пече 20 минути. Наздравје! /Б.Б.