Британскиот дизајнер Paul Cocksedge создаде инсталација направена од јаглен со висока содржина на јаглерод, која е поставена и осветлена во катедралата во Ливерпул. Инсталацијата е дизајнирана како коментар – одговор на зависноста од фосилни горива.
Инсталацијата е наречена Coalescence и се состои од над 2.000 парчиња јаглен со вкупна тежина од над половина тон, што е количесто на јаглен што ја троши сијалица од 200 вати ако осветлува една година.
Идејата е да им се дозволи на луѓето да видат нешто познато, на толку непознат начин, создавајќи промена во размислувањата и ставовите. Сферичната инсталација е составена од јаглен од рудник во јужен Велс, кој Paul Cocksedge го открил кога барал поголеми парчиња јаглен отколку што можел да најде во Лондон. Инсталацијата ќе биде изложена во катедралата во Ливерпул до 12 март 2023 година./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.